Денеска премиера на анимираниот филм за деца „Бунтовната принцеза“ во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга

- Локални
86
Анимираниот филм за деца „Бунтовната принцеза“, синхронизиран на македонски јазик, денеска 13-ти мај, со почеток во 12.00 часот, ќе има своја премиера во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга.
Во оваа модерна приказна инспирирана од класичните бајки, храбрaта принцеза Мина не го слуша својот татко и решава сама да си го избере сопругот – Ронан, паметно и љубопитно момче кое сака книги, сосема поразличен од традиционалните принцови. Но, кога свадбената прослава започнува, доаѓа страшен змеј и ја носи принцезата далеку.
Сега, Ронан мора да тргне на опасно патување за да ја спаси. Неговата авантура го води низ далечни земји, полни со магија и мистерии, додека тој храбро го бара својот пат до неа.
Во меѓувреме, Мина е заробена од злобниот волшебник Кезабор, кој веќе грабнал многу принцези, претворајќи ги во златни статуи. Но, Мина не се плаши! Таа решава да преземе акција, да ја скрши магијата и да се бори за слободата на сите!
Дали Ронан ќе стигне на време? Дали Мина ќе го победи Кезабор? Почнува една возбудлива бајка полна со храброст, пријателство и магија!
Глумци: Борче Нацев, Миа Кантарџиева, Дејан Лилиќ, Никола Ристановски, Тања Кочовска, Предраг Павловски, Димитрије Доксевски, Андреј Лалчевски, Филип Трајковиќ, Александар Микиќ.
Цената на билетот е 200 денари.

StrugaOnline

Facebook Коментари