Лев банер Десен банер

Денеска во Охрид пристигнува првиот авион на Turkish Airlines

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, денеска ќе пристигне првиот лет од Истанбул до Охрид на авиокомпанијата Turkish Airlines.

Се очекува на настанот да присуствуваат и премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски, Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски, Фатих Улусој, амбасадор на Република Турција во Република Македонија, Серкан Каптан, главен извршен директор на ТАВ Аеродроми и Билал Екси, главен извршен директор на Turkish Airlines.

Четири пати неделно ќе се лета на релација Охрид-Истанбул, Turkish Airlines веќе од претходно закажа и пушти во продажба летови меѓу Истанбул и Охрид за летната сезона, 2025 година. Ќе се лета во понеделник, четврток, петок и недела со летала од типот Ербас А321, Боинг 737-800 и Б737-900. Превозникот претходно аплицираше за државни субвенции за стартување на услугата.

StrugaOnline

error: