Денеска во Охрид започнува 64. Балкански фестивал на народни песни и игри

- Локални
117
Денеска во Охрид започнува 64. Балкански фестивал на народни песни и игри и ќе трае до понеделник, 07.07.2025 година.
Фестивалот започнува денеска во 12.00 часот со Промоција на „Балканскиот фестивал во Охрид низ видео записите на американскиот фолклорист Роберт Хенри Либман” од д-р Стојанче Костов во изложбениот салон НУЦК “Григор Прличев”-Охрид
Утре, 04.07.2025 година од 19.00 часот во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид ќе има Дефиле а во 20.30 часот во Долни Сарај – Охрид ќе има свечено отворање на фестивалот со програмата на КУД „Гердан од Бисери“ – Охрид и ансамблот за народни игри и песни на МАКЕДОНИЈА – ТАНЕЦ.
Сабота, 05. 07.2025 година од 19.00 часот во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид ќе има Дефиле а во 20.30 часот во Долни Сарај – Охрид ќе настапат „Неврокопски ансамбл за народни песни и танци”- Гоце Делчев, Р.Бугарија, ансамбл за фолклор “Гоце Делчев”- Битола, Р.Македонија и ансамбл „Бојмија“ Гевгелија, Р.Македонија.
Недела, 06. 07.2025 година од 19.00 часот во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид ќе има Дефиле а во 20.30 часот во Долни Сарај – Охрид ќе настапат Куд „Светозар Марковиќ“ – Нови Сад, Р.Србија, Куд „Јахи Хасани“- Чегране / Гостивар, Р.Македонија, КУД „Таше Милошевски“ – Ресен, Р.Македонија, Македонско КУД „Јане Сандански“ Мелбурн, Австралија.
Понеделник, 07.07.2025 г.од 20.00 часот во Долни Сарај – Охрид ќе има изложба и ревија на народни носии „Од Љубанишча до Дебор“ на струшкиот автор Љупчо Милошевски, од 21.00 часот ќе се има Етно Фест Охрид / Митан & Андријана Јаневска „Македонски Рози“.
Влез на 07.07.2025 ќе биде слободен, цена на карта 300 денари.
StrugaOnline

Facebook Коментари