Лев банер Десен банер

Денеска во основните училишта во Струга свечено одбележан Денот на македонскиот јазик

Денес, 05.05.2025 година во ООУ „Браќа Миладиновци“ се одржа свечена приредба посветена на Денот на македонскиот јазик.
Гордо го славиме 5 Мај, денот кога беше озаконета македонската азбука и кога беше поставен темелот на нашиот јазичен идентитет. Јазикот е наш дом, наш корен и завет. Да го негуваме, развиваме и пренесуваме со љубов и посветеност, денес и за идните генерации, велат од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга.
Во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга, омооддделенците и нивната наставничка, Елизабет Барануаи-Кукунешоска од ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга, беа дел од културниот настан по повод 80 години од усвојувањето на македонската кирилица како официјално писмо на македонскиот јазик.
Учениците и нивната наставничка преку неколку културно-уметнички точки го одбележаа и Денот на јазикот кој е основен симбол на еден народ и кој мора да се почитува и чува.

StrugaOnline

error: