Денеска во Подгорци по повод празникот Свети Јован Владимир ќе се одржи Света Божествена Литургија

- Локални
160

Денеска по повод празникот Свети Јован Владимир, во црквата Свети Јован Владимир во Подгорци ќе се одржи Света Божествена Литургија и водосвет, со што достојно ќе се одбележи овој значаен ден.

Оваа година, за нас има уште едно големо значење — се навршуваат 100 години од изградбата и осветувањето на храмот, јубилеј кој со благодарност и молитва ќе го прославиме заедно, велат организаторите.

Свети Јован Владимир, славниот православен маченик и владетел, познат по својата благочестивост, праведност и маченичка смрт во Христа. Тој е симбол на христијанската верност, љубовта кон народот и верата, и се вбројува меѓу најпочитуваните светители во нашиот народ.

Светата Божествена Литургија ќе започне во 08:30 часот, по што ќе следи водосвет и пригодна празнична прослава.

Организаторите ги покануваат сите верници да земат учество во ова молитвено и духовно торжество, Христос посреде нас.

StrugaOnline

Facebook Коментари