Лев банер Десен банер

Денеска во Струга чествување по повод 215 години од раѓањето на Димитрија Миладинов и 195 години од раѓањето на Константин Миладинов

Фондацијата „Браќа Миладиновци“ – Миладиновско слово, ќе одржи свечено чествување по повод 215 години од раѓањето на Димитрија Миладинов и 195 години од раѓањето на Константин Миладинов.
Настанот ќе се одржи денеска со почеток во 12:00 часот во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга.
Во рамките на чествувањето ќе биде промовирана збирката песни со посвета на Миладиновци, создадена по повод распишаниот конкурс.
Дента ќе бидат доделени признанија на наградените автори и благодарници за учесниците.

StrugaOnline

error: