Денеска во Струга – GRIN-G Winter Street Festival
Денеска центарот на Струга ќе биде исполнет со празнична магија, насмевки и забава за сите генерации.
Ве очекува богата програма со Дедо Мраз, Гринч, циркуски и улични изведувачи, кловнови, акробати и многу изненадувања кои ќе ја донесат вистинската новогодишна атмосфера.Настанот ќе се одржи денеска на Плато пред споменикот „Моме оди на вода“ (Чаршиски мост) со почеток во 17:00 часот.
-Дојдете заедно со вашите најмили и бидете дел од зимската приказна што ја поврзува радоста, детската смеа и празничниот дух на Струга, порачуваат од Општина Струга.
StrugaOnline
