Денеска во Струга ќе се одржат Општински натпревари по Прва Помош

- Локални
88
Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Струга, и оваа година традиционално ќе ги одржат Општинските натпревари по Прва Помош.
Натпреварите ќе се одржат денеска, 29.04.2025 година (вторник), со почеток од 09.30 часот
во новиот стадион при СОУ Др „Ибрахим Темо“.
Оваа година Општинските натпревари ќе се оддржат со тема „Прва помош во училишна средина“. Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде: во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа…Во таквите ситуации правилното укажување прва помош може да значи живот или смрт, бидејќи без ваквата помош дури и малите повреди може да станат сериозни или фатални.
Затоа, за да се обезбеди сигурноста на вработените и на учениците во училиштата, важно е едукацијата за правилно укажување прва помош да биде задолжителна во секое училиште.
Од Црвен Крст Струга Ве покануваат да ги посетите пунктовите на кои ќе се напреваруваат екипи од основните и средните училишта од општина Струга и Вевчани и средните училишта.

StrugaOnline

Facebook Коментари