Денеска во Струга ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Есен 2023“ 

- Локални
705

Денеска со почеток во 15:30 часот во големата сала при Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Есен 2023.“

Фестивалот е во организација на Ансамбл Македонка  здружение Интернационална Асоцијација за фолклорни фестивали од Охрид.

Ќе настапуваат гости од Македонија, Грција, Турција, Хрватска и Албанија.

Влезот е слободен.

Strugaonline

Facebook Коментари