Денеска во Струга ќе се одржи протестен марш по повод трагедијата во Кочани

- Локални
476

Денеска во Струга ќе се одржи протестен марш по повод трагедијата во Кочани.

Под мотото „Сите да се избориме ние да не сме следните жртви на системот – Ти си следен“ протестниот марш денеска ќе започне во 12 часот пред Домот за Култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се оди преку чаршија и ќе заврши во паркот на поезијата.

Организаторите кои се струшки средношколци повикуваат утрешниот протест во Струга да биде мирен и достоинствен:

-Ве повикуваме сите учесници на маршот, закажан во среда во 12 часот, да се придржувате до принципите на мирен и достоинствен протест. Oвoj марш не е само глас против корупцијата, туку и оддавање почит кон жртвите од Кочани. Нашата цел е заедно да испратиме силна порака – дека неправдата, корупцијата и загубата на невини животи не смеат да бидат игнорирани. Ве молиме да останеме смирени, да не подлегнуваме на провокации и да го изразиме нашиот револт на цивилизиран начин, со почит кон сите присутни и кон јавниот ред. Само преку единство и мирен пристап можеме да бараме правда и промени. Ви благодариме за поддршката и свесноста, соопштија група средношколци организатори на овој протест.
Исто така додаваат, присутните да се придржуваат до следните принципи:
– Мирен и достоинствен протест без провокации,
– Почитување на сите учесници и минувачи,
– На хамерите и транспарентите да нема партиски симболи, слогани или пораки поврзани со политички партии.
Наша сила е единството и заедничкиот глас – да го искористиме на најдобар можен начин.

StrugaOnline

Facebook Коментари