Денеска во Струга ќе се одржи годинешната Конференција на економската и еколошката димензија на ОБСЕ – „Промовирање на безбедноста и стабилност во областа на ОБСЕ преку одржлив развој и отпорен и инклузивен економски раст“.
Претставници од Република Македонија, земјите-учеснички на ОБСЕ, граѓанскиот сектор ќе дискутираат за следниве значајни теми и приоритети на македонското Претседавање со ОБСЕ: зајакнување на доброто владеење, анти-корупција, предизвиците од климатските промени, енергетска безбедност и како заеднички да постигнеме одржлив развој и стабилен економскиот раст кој истовремено ќе овозможи заштита на животната средина, како и благосостојба на луѓето.
Facebook Коментари