Денеска во Струга, на пригодна свеченост ќе бидат предадени во употреба новите простории на Управните служби при ОВР Струга со што, ќе биде официјализирано работењето на Управните служби во поранешната зграда на општина Струга на улицата „Маршал Тито”.
На овој настан, што ќе се одржи во 11 часот, во поранешната зграда на општина Струга, ќе присуствува и заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исеини.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари