Денеска во Струга втора јавна дебата за реформите во јавните набавки

- Локални
913

Втората јавна дебата за реформите во јавните набавки за кои е подготвен нацрт текст на закон ќе се одржи денеска во Струга

Најавено е дека на оваа дебата ќе присуствува и ќе се обрати  министерот за финансии Драган Тевдовски.

На првата јавна дебата која  минатата недела се одржа во Скопје со учество на бизнисмени од стопанските комори надлежните институции најавија дека новиот закон ќе обезбеди заштита од корупција и контрола врз основа на која ќе се утврдува одговорност. Во соработка со Светска банка се спроведува проект за црвени знаменца кои ќе се вградат во електронскиот систем за јавни набавки и ќе бидат показатели на корупција.

Со законот се предлага подигање на прагот на јавните набавки од сегашните 500 евра на 1.000 евра во класичниот сектор и на на 2.000 евра во секторските дејности. Ќе се воведе електронски пазар на мали јавни набавки, во вид на електронски каталог, што ќе овозможи нивно брзо и ефикасно решавање. Се предлага да се воведе и претходна контрола која ќе ја врши Бирото за јавни набавки.

Во наредниот период јавна расправа за законот ќе се организира и во Штип. Законот треба да биде усвоен од Собранието до октомври годинава, а неговата примена се очекува да започне во јануари наредната година.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари