Од денеска до до 30-ти август, во Струга традиционално ќе се одржи манифестацијата ,,Струшки вечери на поезијата 2020“. Повеќе од триесет домашни и странски поети од постарата но и од помладата генерација ќе учествуваат на фестивалот на главните фестивалски читања, македонските поети со физичко присуство, а странските со видео читања поради заштита од вирусот КОВИД 19. Свое специјално обраќање преку видео врска ќе има и годинешниот лауреат на СВП, израелскиот поет Амир Ор на кој наградата ,,Златен венец“ ќе му биде врачена физички следната 2021 година на 60-то јубилејно издание.
Поради пандемијата и неможноста да се организираат настани на отворен простор каде нема контролиран влез и излез, годинава е променета локацијата на одржување на манифестацијата и истата ќе се одржи на отворената тераса на хотел ,,Дрим“. ж
Свеченото отварање е закажано за 20 и 30 часот.
Strugaonline
Facebook Коментари