Денеска започнува фестивалот на народна култура „Пображење 2019“ во Вевчани

Фестивалот почнува вечерва во Домот на културата со презентација на етнолошки документарни филмови. Како учесници оваа година со свои авторски дела ќе се претстават: Владимир Боцев (Возот за Мартолци), Елзи Иванчич Дунин и Даниел Петровски (Са О Рома) и Бојан Петковски (филмувана реконструкција „Лазарице“).
Покрај сценско-уметничката презентација на хорската, инструменталната и вокалната култура, во рамки на фестивалот секоја година се реализира и програмската содржина „Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници“. Учесник оваа година е Аница Китаноска-Вевчанска, студент на Академијата за убави уметности во Равена, Италија.
Фестивалот завршува на празникот Преображение Христово, на 19 август, со етно звуците на Вокално-инструменталниот состав „Аманет“ од Скопје и Фолклорниот ансамбал при Центарот за традиционална култура од Вараждин, Хрватска.
Strugaonline

