Во четврток (29.11.2018) во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе гостува ЗГ БУДЕН ТЕАТАР Скопје, со интерактивна претстава за деца „ПИСМО НЕКОМУ“. Ќе се одиграат две претстави, првата е со почеток во 11:00 часот, а репризата е истиот ден со почеток во 13:00 часот.
„Писмо некому“ е базирана на приказните на познатиот холандски писател Тоон Телехен. Во неа се раскажува за осаменото китче, кое живее на крајот на светот, на работ на океанот, и затоа никогаш никој не го посетува. Китчето решава да го преплива океанот и да стигне до морскиот учител-албатросот за да научи да пишува, па да испрати писмо со кое ќе покани некого да му дојде во посета.
Претставата користи интерактивен пристап, хумор и музика, и на индиректен начин ги наведува децата да размислуваат за чувствата со кои се соочува секој кој е отфрлен и осамен. Истовремено ги ангажира заедно да пронајдат начин да му помогнат на нивниот нов пријател китот да биде помалку осамен.
Авторскиot концепт и режијата е дело на Милиана Ленак, игра Сара Климоска, а како музичари се појавуваат Виктор Гајтановски и Eлена Чадиковска. Оваа претстава е наменета за деца над шест годишна возраст, а влезот е слободен.
Strugaonline
Facebook Коментари