Лев банер Десен банер

Детската театарска претстава „ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“ повторно на репертоарот на охридскиот театар

На барање на публиката повторно изведба на детската претставата „ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“ во САБОТА, 01.03.2025 година, со почеток во 12.00 часот, цена на карта 150 денари.
„ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“ е патување низ времето и мудростите на македонската традиција, преку кое ќе направиме мост помеѓу старите преданија и модерната култура. Оваа претстава ги истражува богатствата на македонското усно творештво но со еден свеж и провокативен пристап. Со почитување на традиционалните поуки, нашите млади актери ќе зборуваат и пеат со јазикот на денешницата.
Улоги: Евгенија, Бојан, Ирма, Леона С, Јана, Горазд, Бојана, Наталија, Ангел, Леона П, Марија, Лора, Леа, Матеј, Климент, Софија, Илина, Коста,Борис, Мила, Даријан, Елеонора.
Карти во продажба на билетара, цената на карта е 150 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 10:00-12:00 часот на денот на изведба на претставата.
StrugaOnline

error: