Охриѓанецот Димче Каневче, кој на јавноста и е веќе добро познат по своите добротворни активности, годинава повторно ќе ја заокружи со празничната акција #ЕлкоЕлко2022.
За 365 дечиња од Охрид, Струга, Ресен и Дебрца од различна категорија социјален ризик, кои не се дел од било кое формално и неформално здружување, ќе подели пакетчиња.
За над 100 деца, чии семејства редовно ги посетува, обезбедувајки им храна, средства за хигиена, топли оброци, уреди за следење на настава и училишен прибор, облека и обувки и сл, ќе организира неколку средби во различни локали во Охрид и Струга при што за нив и за еден од родителите кои ќе присуствуваат на средбите, ќе има празнична закуска, а за секое дете новогодишен подарок и пакетче.
Каневче очекува дечињата кои ќе учествуваат на овие средби да се радуваат и да уживаат во празничната атмосфера, затоа што голем дел од нив досега немале можност да се дел од вакво празнување.
Тој упати голема благодарност до сите кои го поддржаат во оваа акција, посебно до оние кои се негови редовни поддржувачи преку целата година.
Сите хумани граѓани кои сакаат да му се придружат во хуманата мисија, можат да се обратат на телефон 071200111.
Хуманитарните активности ќе се реализираат во период од 8-ми до 14-ти јануари 2022 година.
Strugaonline
Facebook Коментари