Извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2024 година.

Целта на следењето на системот за интегритет е да се утврди ефикасноста на применетите политики и процедури кои овозможуваат доследна примена на стандардите за интегритет, како и за мерење на резултатите од применетите мерки за намалување на ризиците од корупција.
Според резултатите кои произлегуваат од Извештајот за примената на системот за интегритет за 2024 година, ДКСК упатува честитки до Општина Струга за посветеноста и го доставува на запознавање, а овој Извештај е јавно достапен на веб страната на ДКСК и беше доставен до Собранието на Република Северна Македонија во прилог на Годишниот извештај на ДКСК.
Според податоците од Извештајот, од 81 единици на локална самоуправа, 72 потпишале политика на интегритет, меѓу кои спаѓа и Општина Струга. Од вкупно 72 единици на локална самоуправа, само 38 одговориле на прашалникот за мониторинг на политика на интегритет, а 34 делумно ја исполниле или воопшто не ја исполниле ова обврска.
Општина Струга (48.9%) е подобра од групата на поголемите општини како што се Гази Баба (45.9%), Ѓорче Петров (45.6%), Куманово (43.0%), Охрид (37.8%), Штип (34.5%), Гостивар (25.0%), додека подобро рангирани се општините Битола (49.6%) и Струмица (70.2%).
StrugaOnline
Facebook Коментари