Тимот на Вевчанскиот карневал продолжува со откривање на музичката програма за оваа година .
,,Оваа година на сцената ги имаме и најактивните бендови од Македонија. ДНК по успешната турнеја и завршниот концерт во Скопје со 15.000 посетители, продолжуваат на нашиот карневал, познатите мега хитови:,,Што сака нека биде”,,,Авион”,,,Пази се од мене”,,,Ако утре ме нема”, ќе одекнат на 12-ти јануари и ќе направат незаборавни спомени.
На 13-ти јануари браќата Мартин и Стефан од Некст Тајм ќе згрмат најјако и најмакедонски со нивните,,Ја излези Ѓурѓо”,,,Кога падна на Пирина”,,,Слушам кај шумат шумите” и сите останати песни кои значат најмногу за македонците и Македонија.,,-се вели во соопштението од Вевчанскиот карневал.

Од таму додаваат дека сите посетители на карневалот ќе доживеат прекрасни денови и ноќи во Вевчани.
Strugaonline
Facebook Коментари