Лев банер Десен банер

Дојде! Денот што се чека не со денови, туку со месеци, денот што во Вевчани се брои уште од лани

Дојде!. Денот што се чека не со денови, туку со месеци. Денот што во Вевчани се брои уште од лани.
13 јануари – утрото што василичарите цела година го чекаа. Уште пред да раздени, Вевчани е будно. Се слуша чекор, се слуша смеа, се слуша глас. Во воздухот имат нешто поинакво – немир, радост и возбуда, како да знајш дека денеска ништо немат да е обично.
Во куќите се довршуваат маските, се местат костимите, се редат последните детали. Немат случајност, заш василичар не се прајт од ден за ден, туку со мерак, со ум и со серце.
Секој си ја знае улогата, секој знае каде му е местото.
Кога ќе излезат на улица, Вевчани веќе е сцена, тоа е театар без завеса, без сценарио, ама со вистина. Маските зборуваат повеќе од илјада зборови, а смеата носи пораки шо сите ги разбираат.
Карневалот е шега, ама и суд.
Е радост, ама и инает.
Е смеа, ама и порака.
Василичарите одат од куќа в куќа. Се наздравува, се пее, се благословува новата година. Старото се остава зад нас, новото се пречекува со смеа и со маска, зошто така најдобро се кажува вистината.
Ова не е карневал за гледање.
Ова е карневал за живеење.
Карневал што им припаѓа на Вевчанци, ама ги пречекува сите со отворено срце.
И не е важно кој си, што си, од каде си.
Денес сите сме едно.
Денес Вевчани дише како едно.

StrugaOnline

error: