Драмскиот писател Анастас Ќушкоски од Вевчани награден за најдобро филмско сценарио

- Локални
763

На 16 мај 2022 година во Домот на културата Кочо Рацин во Скоје, се одржа фестивалот на филмски сценарија СКРИП ФЕСТ-2022.

Организатори на фестивалот се фондацијата за културна и научна афирмација и презентација на Македонија, и Презент-Скопје -Домот на културата Кочо Рацин-Скопје. На овој фестивал учествуваше и драмскиот писател од Вевчани, Анастас Ќушкоски со две филмски сценарија и тоа: Мрежа од свилен конец и Зона на черепите, за што доби награда за најдобро филмско сценарио.

 

Наградата му беше врачена во Скопје, од селекторот на филмот м-р Гоце Ристески универзитетски професор и декан на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима од Скопје.

Инаку авторот Анастас Ќушкоски, досега има добиено бројни награди од областа на драмската, театарската и филмската уметност. Иако тој живее и твори во Вевчани неговите теми се универзални и општочовечки кои редовно го привлекуваат вниманието кај културната и пошироката публика.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

StrugaOnline

Facebook Коментари