Државниот секретар на САД денеска во Охрид ќе оствари средби со државниот врв

- Локални, Македонија
610

Државниот секретар на САД Мајк Помпео попладнево ќе слета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, по што ќе одржи прес конференција.

По повод официјалната посета на американскиот државен секретар, во Охрид денеска на сила ќе бидат посебни безбедносни мерки. На булеварот „Туристичка“ и неколку улици во стариот дел на градот, каде ќе минува американската делегација нема да биде дозволено запирање или паркирање на моторни возила.

За безбедноста на високиот гостин ќе се грижат поголем број припадници на безбедносните служби.

Изминатите денови, пак, надлежните служби интензивно вршеа санација и чистење на улиците низ градот, со цел Охрид да се претстави во што подобро светло.

Мајк Помпео е прв државен секретар на САД што ја посетил земјава, по Колин Пауел кој престојуваше во официјална посета на Скопје за време на конфликтот во 2001 година.

Помпео по средбите со Пендаровски и Заев во Охрид, ќе отпатува за Атина.

Извор: ОhridNews

Facebook Коментари