Дел од учениците и наставниците од Државното музичко училиште Струга имаа чест да присуствуваат на последниот концерт од јубилејната сезона на Македонската филхармонија, насловен „Високи вибрации“.

Феноменалниот руски пијанист Дмитри Маслеев ги маѓепса присутните со својата виртуозна изведба на Третиот концерт на Сергеј Рахманинов, пренесувајќи високи емоции и мајсторство. Македонската филхармонија, под раководство на искусниот израелски диригент Јерухам Шаровски, брилираше во својот настап, особено во изведбата на Првата симфонија на Рахманинов, прикажувајќи извонредна музикалност и професионализам.

На крајот на вечерта, учениците од Државното музичко училиште Струга имаа можност да се сретнат со солистот Дмитри Маслеев и да му ги пренесат впечатоците.
-Искрена благодарност до Македонската филхармонија за оваа незаборавна вечер и за можноста нашите ученици да бидат дел од оваа магична музичка приказна, велат од Државното музичко училиште Струга.
StrugaOnline
Facebook Коментари