Два концерти вечерва на програмата на Охридско лето

- Локални
1019

57-то издание на фестивалот Охридско лето продолжува и вечерва „По патот на Магијата“ и тоа со два најавени концерти.  Со почеток од 20 часот и 30 минути во катедралната Црква Света Софија концерт ќе одржи Ансамбл Маскерина од Франција составен од Берета Себастијан – флејта, Николас Марте- теорбо и
Марие Колине- виола да гамба.

Во 22:оо на истата локација публиката ќе ужива во музичката уметност на  Кабаре „Зборувај тивко“ составено од Ирина Наумовска –  пијано (Македонија), Тијана Ѓуричиќ сопран од Србија и Александар Будимир – хармоника (Србија)

Извор:Strugaonline

Фото: Охридско лето

Facebook Коментари