Дваесет и една година од големиот граѓански протест во Струга против новата територијална организација

- Локални
1621

Денеска се одбележуват дваесет и една година од големиот граѓански протест во Струга против тогашната одлука за нова територијална организација.

На 22-ри јули 2004 година, пред зградата на политичките партии каде се одвиваше состанок на Општинската организација на СДСМ на кој присуствуваше тогашниот висок партиски функционер и министер за одбрана Владо Бучковски се одржа голем протест на кој околу 2.000 граѓани на Струга го изразија своето незадоволство против новиот Закон за територијална организација со која четирите општини Лабуништа, Велешта, Луково и Струга се спојуваат во една.

Протестот заврши со интервенција на специјалната полиција при што беа повредени триесетина граѓани,  24 полицајци и еден претставник на мисијата „Проксима“,  оштетени и уништени беа седум моторни возила, а зградата на политичките партии беше опожарена и демолирана.

StrugaOnline

Facebook Коментари