Двајца стружани, Стефан Спироски и Славчо Крежески добитници на награди на овогодинешниот „Охрид Фест – Охридски трубадури“
Синоќа на сцената на „Долни Сарај“ во Охрид се одржа 31-то издание на музичкиот фестивал ,,Охрид Фест”.

Двајца стружани, Стефан Спироски и Славчо Крежески се меѓу добитниците на награди на овогодинешниот „Охрид Фест – Охридски трубадури“.

За двата сценски настапи беа задолжени од тимот на Студиото за танц „БАХ“ Струга кои над 10 години наназад прават најинтересни сценски настапи на естрадата и оправдано и заслужено наградите за сценски настап одат во нивни раце.

Така беше и овој пат, наградата за најдобар сценски настап на „Охрид Фест“ ја понесе Славчо Крежески со оригиналната кореографија на студио за танц „БАХ“.

Награди од публиката:
1. Немања Радошевиќ (Србија)
2. Лола Пухар (Хрватска)
3. Емин Печанин (Хрватска)
Награди од жирито:
1. Мила Николовска Ѓумар
2. Милорад Мијушковиќ (Црна Гора)
3. Милан Бујаковиќ (Србија)
Награда за интерпретација: Дорис Димовска
Најтрубадурска поп композиција: Стефан Спироски
Награда за најдобра аудио продукција: Студио тра ла ла
Најдобар дебитант: Илија Јовчев
Награда за сценски настап: Славчо Крежески
Најдобар аранжман: Александар Валенчиќ
Најдобар текст: Весна Малинова „Нека свети“
Новинарска награда: Немања Радошевиќ
Најслушана песна помеѓу два фестивали: Мила Николовска Ѓумар – Шепни ми
Награда „Долни Сарај“ – Сергеј Попоски
Благоја Грујовски со песната „Ноќва Охрид не спие“ и Ленче Кукиќ со „Добри ангели“ се прогласени за најдобри на Фолк вечерта.
Фолк вечер награди:
Публика
1. Благоја Грујовски „Ноќва Охрид не спие“
2. Драган Николовски Даце „Катанче“ и
3. Влатко Миладинов „Песна за Свети Наум“
Жири
1. Ленче Кукиќ „Добри ангели“
2. Група Биоритам „Засекогаш твој“ и
3. Благица Павловска „Химна на љубовта“
Доделени се и следните награди:
– Најдобар дебитант: Катерина Ристова
– Најдобар текст: Катанче на Анита Даева
– Најдобар аранжман: Дејан Георгиевски Ѕене
– Награда за најдобра интерпретација: Горан Кукиќ
– Најтрубадурска песна: „Ќе ти дарам еден цвет“ – Нино Величковски
– Награда „Долни Сарај“: Катерина Танева
– Новинарска награда: Ленче Кукиќ „Добри ангели“
– Награда „Аце Ангелески“: Анета Арсовска
StrugaOnline

