Двајца возачи во Струга и 4 во Охрид санкционирани поради возење под дејство на алкохол

- Локални
438
На 07/08.02.2021 година, во времето од 20 до 02 часот, на подрачјето на СВР Охрид беше реализирана акциска сообраќајна контрола кон возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. Притоа,  полициските службеници извршија контрола на 184 патнички моторни возила (Охрид-18, Струга-59, Кичево-85, Дебар-22) и при извршено алкотестирање, констатираа 09 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол (Охрид-04, Струга-02, Кичево-02, Дебар-01). Тие се исклучени од сообраќај, времено одземени им се сообраќајните документи и се соодветно санкционирани.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари