Две лица од Охрид не ја почитувале забраната за движење

- Локални
491

Во текот на изминатото деноноќие (21/22.04.2020 година, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид две лица  не ја почитувале забраната за движење  за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19,(Охрид-2. )Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави. Во истиот период,  не се евидентирани кражби или сообраќајни незгоди, а регистрирано е едно нарушување на јавниот ред и мир, случено на 21.04.2020 година, околу 19 часот на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид. Приведен е Ш.А.(49) од Скопје и против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На подрачјето на СВР Охрид, евидентирани се вкупно 283 лица во изолација(Охрид-138,Струга-13,Кичево-21,Дебар-111.Од страна на полициски службеници, извршени се 72 контроли кај лицата во изолација(Охрид-61, Кичево-11.Моментно, вкупниот број на лица во самоизолација изнесува 380 лица (Охрид-49,Струга-235,Кичево-28,Дебар-68.Врз овие лица,извршени се 297 контроли (Охрид-45, Струга-181, Кичево-28, Дебар-43). Полициските службеници извршија 88 контроли на угостителски објекти.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари