Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна.
– Изминатово деноноќие, во периодот од 07:00 часот на 11-ти до 07:00 часот на 12-ти април 2020 година, седум лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Охрид-3, Струга-2, Кичево-2). Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Во истиот период, не се регистрирани собирања на граѓани, кражби и сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 – дневна самоизолација. Нема нови лица со решение за изолација и извршени се 13 контроли на лицата кои веќе се во изолација (Охрид-10, Кичево-3). Евидентирани се 69 нови лица во самоизолација, (Охрид-18, Струга-15, Кичево-25, Дебар-11) и извршени се 137 контроли врз овие лица (Охрид-34, Кичево-7 и Дебар-96). На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 324 лицa што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 202, Струга- 122), кои се сместени во четири сместувачки објекти. На 179 лица сместени во Струга, им заврши мерката задолжителен државен карантин. Полициските службеници извршија 45 контроли на угостителски објекти, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари