Ѕвездичките на „Распеано рибарче“ вечерва на Долни Сарај во Охрид
Како дел од програмата на Општина Охрид наменета за најмладите под мотото „Културата расте со децата“, вечерва, малите „Распеани Рибарчиња“ ќе настапат на големата сцена на „Долни Сарај“.

Изминативе три месеци беа реализирани бројни културно-забавни настани и активности за деца до 12 години во рамки на програмата преку проектот „За сите деца“.
Настапот на малите ѕвезди е со почеток во 18:30 часот.
Програмата која започна на 21-ви јуни предвидена е да трае до 6-ти октомври 2024 година – Неделата на детето. Настаните се реализираат на различни локации на отворено.
StrugaOnline

