Единаесетто издание на образовниот ликовен камп „Ванѓел Коџоман“ во Струга и Охрид

- Локални
974

Триесет и пет млади ликовни творци и пет ментори-професори по ликовна уметност од Република Македонија се дел од  образовниот -ликовен камп „Ванѓел Коџоман“ што по единаесетти пат  се одржува во Струга и Охрид.

На кампот, како што соопшти организаторот Детскиот ликовен центар, изработени се 80 ликовни творби во техниките: акрил и темперана платно, молив, графит и пастел на хартија, туш во боја на хартија, комбинирана техника на хартија.

Делата беа создадени во Струга со посета на постојаната поставка во галеријата со ликовни дела на академик – проф. Ванѓел Коџоман, еден од основоположниците на македонското современо сликарство и ликовна уметност во Република Македонија. Најчесто користени мотиви се старата градска архитектура во Струга и струшката чаршија, Радожда, Калишта, Охридското Езеро, манастирот Св. Наум, црквите Св. Софија и Канео, старата охридска архитектура, Плаошник, Самуиловата тврдина…

Најуспешните ликовни творби ќе бидат изложени во зградата на Кинотека на Македонија – библиотека „Другарче“ во Скопје по повод Денот на независноста на Република Македонија – 8-ми септември.

извор: А1он фото: А1он

Facebook Коментари