Едукативен центар „Таргет“ продолжува со курсеви по германски јазик за возрасни, се почитуваат сите препораки за заштита од КОВИД 19

После паузата поради состојбата со вирусот КОВИД 19, едукативниот центар „Таргет“ продолжува со работа и во текот на летото. Од таму информираат дека курсевите по германски јазик за возрасни продолжуваат во безбедни услови и почитување на сите препораки за заштита. Просториите секојдневно се дезинфицираат, групите се мали и задолжително се обезбедува потребната дистанца. Запишаните членови продолжуваат со настава, а „Таргет“ овозможува и упис на нови членови со многу поволности и попусти.
Сите заинтересирани кандидати можат да се обратат на телефонскиот број 078 633 905
Strugaonline

