Изминатиов викенд, едукативен центар ,,Таргет +“ го прослави својот прв мал јубилеј, пет години постоење.
,,Започнавме во 2017 година со концепт што се покажа како успешен. Веќе пет години во нашиот центар околу двесте ученици во одделенска настава и курсеви по странски јазици, часови по математика итн, ги надоградуваа своите знаења. Тука не застануваме, напротив, изминативе пет успешни години, и успехот на учениците кои го посетуваат нашиот едукативен центар се мотив да продолжиме понатаму со уште поголем елан за работа.,, – изјави Мила Бебекоска, дипломиран наставник по одделенска настава.
Часовите по одделенска настава започнувааат од денеска, а часовите по странски јазици се одвиваа и во текот на летото, па сега продолжуваат со исто темпо.
Часовите по англиски јазик за ученици до деветто одделение започнуваат од 15-ти септември, а пријавувањето е сеуште во тек. Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават и да добијат дополнителни информации на телефон 078 633 905 .
Facebook Коментари