Едукативен семинар на тема ,,Исхрана во спортот“ вечерва во Струга

- Локални
592
Вечерва  во хотел Београд во Струга од 20:00 до 21:00 часот ќе се одржи едукативен семинар од областа Исхрана во спортот.
Настанот го организираат Џудо клуб ,,Дрим” од Струга и Планинарско и еколошко друштво ,,Гороцвет на Јабланица.“
Предавачи на настанот ќе бидат проф. Ѓорѓи Стојанов (тренер во ЏК,,Дрим” од Струга) на тема: Исхрана пред тренинг и натпреварување, и Прим. Д-р Оливер Бојчески (Специјалист по спортска медицина и специјалист по трудова медицина) кој ќе говори на темата: Исхрана после тренинг и натпреварување.
На настанот,  заинтересираните ќе можат да ја купат  и книгата ,,ПРАКТИЧНА СПОРТСКА ИСХРАНА” – последната збирка стручни трудови од Оливер Бојчески, Хинор Кица и коавтори.

Facebook Коментари