Едукативна сесија за правно зајакнување во Охрид

- Локални
760

Утре со почеток во  15:30 часот во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи едукативна сесија за правно зајакнување во Охрид. Учесниците ќе имаат можност да слушнат едукативни предавања за  Право на бесплатна правна помош; Услови за остварување на правото на бесплатна правна помош; Постапка за отстварување на правото на бесплатна правна помош  многу практични совети и други правни теми.  Предавачи ќе бидат адвокат Љубчо Наумовски, Петар Андрески правник и  Маја Атанасова, МЗМП

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во јануари 2018 година започна со спроведување на проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“ финансиски поддржан од Европската Унија, кој ќе се спроведува во периодот од јануари 2018 до август 2019.

Со проектот се настојува да се обезбеди директна правна поддршка на поединци и семејства со ниски примања директно во заедниците во кои живеат. За таа цел, креираните мобилни тимови ги посетуваат градовите и околните села и директно ги советуваат и даваат правна поддршка на жителите во однос на нивните потреби. Услугите за цитираната категорија на лица се бесплатни. Пријавување не е неопходно.

Strugaonline

Facebook Коментари