По повод одбележување на Неделата на хигиенизација, а во организација на Црвен Крст – Охрид, во Охрид се одржаа неколку едукативни предавања со д-р Јованка Стурлакова Коровешоска за тоа како правилно да се одржува личната хигиена.
Првото предавање се спроведе на 18-ти април на редовниот состанок на Клуб на млади на кое присуствуваа 55 волонтери од Општинска организација Охрид , а следните три на 20-ти април во три oбјекти на Детската градинка „Јасна Ристеска“ со кои беа опфатени 150 деца.
Strugaonline
фото: Црвен Крст Охрид
Facebook Коментари