Едукативно дефиле во чест на Денот на планетата Земја во Охрид

- Локални
1699

Во чест на Денот на планетата Земја, а како дел од програмските активности, охридскиот Црвен крст преку волонтерите од програмата „Грижа за стари лица“ ќе организира дефиле со едукативен карактер, низ улиците на Охрид.

Целта е да се подигне свеста и да се сврти вниманието на јавноста кон бројните еколошки проблеми во светот и кај нас.

– Дефилето ќе започне на 22-ри април 2018 година, недела, во 11:00 часот од пред седиштето на Црвен крст – Охрид, а поворката ќе се движи по улица „Димитар Влахов“, „Македонски просветители“, плоштадот „Крушевска Република“ (кај Чинарот), и ќе заврши кај Градскиот плоштад каде најмладите ќе одржат модна ревија со модели изработени од пластични кеси и со пораки за заштита на животната средина од загадувањето што го предизвикува пластиката, информираат организаторите.

Извор: ОхридПрес

 

Facebook Коментари