Екипа на Црвен крст- Струга го посети семејството Рајчиноски во чија што куќа вчера изби пожар. За ова семејство Црвен-крст донираше храна, хигиенски средства и ќебиња.
„Со семејството разговаравме за можности за организирање на хуманитарни акции со цел да се обнови изгорениот дел од куќата. Тие сопштија дека чекаат проценка и се надеваат на обештетување од страна на надлежните. Се надеваме дека ќе ги поттикнеме граѓаните да му помогнат на семејството Рајчиноски.“ – велат за Strugaonline од струшкиот Црвен-крст.
Инаку, во пожарот кој вчера наутро избувна во нивната семејна куќа во Мислешево за среќа немаше повредени и благодарение на брзата интервенција на пожарникарите од ТППЕ Струга пожарот беше навремено локализиран и ликвидиран.
Strugaonline
Facebook Коментари