Екипа на ТППЕ Охрид спаси повреден турист паднат во амбис

- Локални
510

Екипа на  Територијална противпожарна единица (ТППЕ) -Охрид попладнево спаси повреден турист паднат во амбис кај хотел „Десарет“.

– Пожарникарите-Спасители на висина на задачата. Уште една успешна спасувачка акција на нашите пожарникари-спасители. Интервентната екипа на ТППЕ Охрид изврши извлекување на повреден турист паднат во амбис, во близина на хотелот Десарет-информираат од ТППЕ-Охрид.

Додаваат дека повреденото лице е лоцирано и безбедно транспортирано на пловен објект за понатамошно лекување.

Strugaonline

фото: ТППЕ Охрид

Facebook Коментари