Екипите на итните служби се соочуваат со проблем при извршувањето на своите задачи во Стариот дел на Охрид
Екипите на итните служби се соочуваат со проблем при извршувањето на своите задачи во Стариот дел на Охрид, информираат од ТППЕ-Охрид.

Оттаму објаснуваат дека проблемот е комплексен и како што велат, првично треба да проработи свеста кај секој граѓанин поединечно. Според објавените фотографии од територијалната противпожарна единица, една од причините за проблемот се паркираните возила на несоодветни места.

-Стариот дел на градот е од исклучителна важност , со оглед на тоа што поседуваме културно-историски споменици од непроценливо значење. Опасноста од блоковски пожари на овој потег е голема имајќи ја предвид збиеноста на објектите, неможноста за брзо и ефикасно интервенирање и слично-стои во соопштението од ТППЕ Охрид.

Оценуваат дека загрозеноста во овој дел од градот е високо ризична.
Strugaonline
фото: ТППЕ Охрид
