Eко акција на ИПА Охрид и ЕКО ФАП

- Локални
96

Завчера (30.04.2025 година), Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид и Еколошкото друштво „Еко Фап” од Охрид, реализираа еко акција во близина на авто кампот „Љубаништа” и на брегот на Охридското езеро во атарот на Љубаништа.

Засадија зимзелени дрва а потоа на местото каде што се влева реката Черава во Охридското езеро, им се придружија на вредните ренџери и заедно, собраа околу 8 метри кубни отпад.

На овој начин, ИПА Охрид се придружи кон акцијата IPA GREEN Plant tree event која се реализира од 19 април до 4 мај, по повод Светскиот ден на дрвото.

SERVO PER AMIKECO-СЛУЖИМЕ НИЗ ПРИЈАТЕЛСТВО.

StrugaOnline

Facebook Коментари