Лев банер Десен банер

ЕКО Струга: Граѓаните кои имаат нефункционални возила да ги отстранат од јавниот простор во рок од седум дена

Општина Струга во соработка со Јавното Претприjатие „Еко“, покренуваат иницијатива за отстранување на хаварисани (нефункционални) возила од jaвниот простор.
,,  Апелираме до сите жители на општина Струга  кои поседуваат уништени возила, паркирани на јавен простор,  да ги отстранат во рок од седум дена. Во спротивно тие ќе бидат дислоцирани преку пајак службата, на сметка на нивните сопственици.
Истовремено, апелираме до сите граѓани да ни испратат фотографии и адреси од местата на кои се наоѓаат уништените возила, кои се паркирани на јавен простор, на е-маил info@struga.gov.mk, со цел да ги oтсраниме и да го ослободиме јавниот простор од овиее возила кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот, велосипедистите, пешаците и животната средина.“-стои во соопштението од Еко-Струга.
Strugaonline

error: