Лев банер Десен банер

Експертската екипа од Градежниот факултет – Скопје веќе започна со анализа на состојбата во селото Шум

Екипа на експерти од Градежен факултет – Скопје, поточно од Катедрата за водоснабдување, канализација и мелиорации, започна со теренско истражување и анализа на состојбата во селото Шум.

Стручниот тим го предводи професорот Пеливаноски, градежен инженер и универзитетски професор, кој заедно со уште двајца експерти врши професионална проценка на моменталната состојба на терен. Целта на анализата е да се утврдат фактите и да се предложат соодветни решенија врз основа на стручни параметри и релевантни податоци.

Според најавите, во текот на денешниот ден се очекува да биде подготвен првичен извештај кој ќе ги содржи констатациите од увидот, како и предлози за конкретни мерки што треба да се преземат за надминување на настанатата состојба и заштита на изворите на вода за пиење.

Од Општина Струга информираат дека остануваат целосно посветени на транспарентноста во процесот и најавуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни чекори и одлуки поврзани со случајот.

StrugaOnline

error: