Во рамки на својата прва официјална посета на Општина Охрид, амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас, оствари средба со претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски и со членовите на Советот.
На состанокот се разговараше за низа значајни прашања поврзани со европската интеграција на Македонија, соработката помеѓу Општина Охрид и институциите на ЕУ, како и за актуелни и идни инфраструктурни проекти кои се реализираат во општината.
Советниците поставуваа низа прашања, на кои амбасадорот Рокас со внимание одговараше, споделувајќи ги ставовите на ЕУ за интеграциите, локалниот развој и реформските процеси.
Средбата помина во конструктивна атмосфера, при што беше истакната подготвеност за продлабочување на соработката и понатамошна заедничка работа во насока на европската перспектива на Охрид и Македонија.
Претходно Градоначалникот Кирил Пецаков, оствари средбра со Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија, кој за првпат од неговото именување е во посета на Општина Охрид.
На средбата се разговараше за повејќе значајни теми и области за Охрид. Фокус на разговорот беше реализацијата на проектот „Ohrid Go“ кој е финансиран од Европската Унија, а се однесува на проекти кои се реализраат во склоп на поранешната касарна. Амбасадорот изрази поддршка за работата во таа насока и честитки за тоа што Општина Охрид е една од ретките општини кои просторот од поранешните касарни го оплемени со содржина.
По состаноците, амбасадорот Рокас ја посети Планинарската спасувачка служба во Охрид, проект поддржан во рамките на Програмата за прекугранична соработка меѓу Албанија и Република Македонија.
StrugaOnline
Facebook Коментари