Europe House Струга организира работилница за Микробилки – Чекор кон здравјето и одржливоста!

- Локални
251
Под водство на Sanja’s microgreens , во Europe House во Струга се одржува оваа несекојдневна и инспиративна работилница преку која ќе ја откриете магијата на микробилките.
Работилницата е за сите кои сакаат здрав начин на живот и креативни решенија за храна.
Програмата на работилницата опфаќа:
Нутритивните придобивки од микробилките
Како да ги одгледувате дома: од избор на семиња до техники за нега,
Интеграција во кујната: салати, супи, сендвичи, па дури и слатки и коктели
Практична работа – сами ќе сеете микробилки
Дегустација – вкусување и споредување различни видови
Одржливост – ќе научите како микробилките можат да обезбедат свежа храна дури и во најмалиот простор.
Работилницата се одржува утре во Europe House Struga со почеток во 13 часот.
Бројот на учесници е ограничен. За учество, и ги молат заинтересираните да се регистрираат на линкот: https://shorturl.at/hWUlm

StrugaOnline

Facebook Коментари