Europe House Struga одбележува една година како „Место за новата генерација“, платформа што во изминатата година стана центар за креативност, инспирација, младинска соработка, културна размена и одржливи иницијативи. По повод годишнината, на 21 март во 19:00 часот ќе се одржи специјален настан, кој ќе вклучи изложба и музички настап, со цел да се одбележат најзначајните моменти и постигнувања во изминатата година.
Во текот на годината, Europe House Struga реализираше бројни еколошки, бизнис, културни и едукативни проекти, оставајќи силно влијание врз заедницата. Меѓу најзначајните, се издвојуваат иницијативата „Гласот на крајбрежјето“, проект со кој беше организирана акција за чистење на плажите и подводниот отпад од Охридското Езеро. Собраниот отпад креативно беше реупотребен за изработка на сценографија и костими за театарска претстава „Океанија“. Дополнително, во соработка со Природонаучниот музеј ,,Д-р. Никола Незлобински“ во Струга беше насликан мурал што ги претставува автохтоните животински и растителни видови во регионот, а во рамки на серијата одржливи иницијативи, беше организирана и работилницата „Леска“, на која учесниците научија како да создаваат природни креми со локални состојки.
Europe House Струга даде и значаен придонес во развојот на локалниот бизнис и претприемништво, организирајќи Еко-базар за поддршка на малите локални бизниси, како и работилници за дигитален маркетинг, наменети за јакнење на бизнис вештините на локалните претприемачи. Во фокусот беше и поттикнување на креативноста кај младите, преку различни работилници за деца, како набљудување на ѕвездите, и воведување на театар со сенки и облаци во Основното училиште во Лабуништа. Посветена и на културната сцена, Europe House Струга организираше филмски проекции и дискусии со говорници од различни области, потоа концерти, современа танцова работилница и изложби, меѓу кои и најновата, „Дигитално срце“, која ја истражува поврзаноста меѓу дигиталната технологија и уметноста.
Преку соработката со „Струшките вечери на поезијата“, се обнови и наградата „Млада Струга“, со која се поддржуваат новите книжевни таленти. Токму по повод првиот роденден, ќе биде објавено второто издание на наградата, а заинтересираните можат да прочитаат повеќе детали за процесот на пријавување на официјалната веб страна на Струшки вечери на поезијата, од денот на отварање на повикот, 21-ви март.
Јавноста е поканета да присуствува на прославата, која ќе се одржи во петок, 21 март, во просториите на Europe House Струга со почеток во 19:00 часот. Главниот момент на прославата ќе биде настапот на Дина Јашари, младата уметница чиј уникатен музички израз и свежа енергија носат нова естетика во музичката сцена на Балканот.
Со оваа годишнина, Europe House Struga ја зацврстува својата мисија како катализатор за младинска ангажираност, простор за иновации и поврзување на заедницата со различни сектори на општеството, промовирајќи ја новата генерација како двигател на позитивните промени. Струшкиот Europe House е дел од Europe House мрежата на Делегацијата на Европската Унија, која, освен во Струга, брои уште шест центри ширум земјата – Скопје, Битола, Тетово, Велес, Крива Паланка и Струмица.

Настанот ќе се одржи наредниот петок, 21.03.2025 година од 19:00 до 22:00 часот, каде ќе присуствува и ќе има свое обраќање Амбасадорот на ЕУ- Михалис Рокас, за забавниот дел од вечерта, специјален музички настап ќе има Dina Jashari со квартетот.
StrugaOnline
Facebook Коментари