Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска присуствуваше на официјалното отварање на Europe House Струга. Во своето обраќање пред присутните, тој ги повика младите во Струга да ја посетуваат Јуроп Хаус и истата да ја претворат во центар за размена на идеи, надградување на вештини и промоција на европски вредности.
-Струга го промовира универзалниот јазик на поезијата уште од 1960 година. Врз културното наследство останато од Браќата Миладиновци, преку Струшките вечери на поезијата, тука гостуваа многумина од најпознатите поети на сите времиња, презентирајќи идентични вредности, независно од каде и да дошле. Токму поезијата е моќен катализатор на дијалогот и на мирот. Јуроп Хаус во Струга се раководи од истите тие принципи, да ги обединува младите, да им помогне да разменуваат идеи, да ги надградуваат вештините и да промориваат иновативни размислувања и пристапи, и најважно, да се обединет кон подобра иднина-истакна Гир.
Активностите продолжија пред Музејот „Д-р Никола Незлобински“ каде беше откриен муралот ,,Симбиози“ финансиран од ЕУ, а изработен од страна на струшките уметници Горан Ристовски и Енкел Дика.
Потоа во ,,Camping SCOUT“ со закуска и музика младите имаа можност да се дружат на настанот за вмрежување на отворено.
Забавата продолжува вечерва во 21:00 часот со DJ сетови на Херцел и Горазд Колоски.
Strugaonline
Facebook Коментари