Фабриката ,,ГО-РА ТЕКС“-Струга слави 15 години постоење, бренд за квалитет во текстилната индустрија

- Локални
2368

Фабриката за производство на готови текстилни производи ГО-РА ТЕКС-Струга слави 15 години постоење. Станува збор за препознатлив бренд во нашиот град со квалитетно производство и долга традиција.

Нивната успешна приказна започна во 2008 година со визија да се развива текстилната дејност во Струга. Почетоците биле тешки, но љубовта и посветеноста кон работата се главните нитки за опстојувањето на пазарот и во Македонија и надвор од нашите граници.

,,Започнавме во специфичен период, во 2008 година беше голема економска криза, почетокот беше навистина тежок, но, успеавме. Нашата цел од самиот почеток беше да се издвојуваме по квалитетот, самото наше лого вели дека клиентите ако еднаш пробаат од нашето призводство на пижами, долна облека, маици и сите трикотажни производи создадени во нашата фабрика, секогаш повторно се враќаат кај нас. Среќен сум што изградиме традиција која ќе продолжи и понатаму во Струга, во Македонија но и надвор од нашите граници со оглед на тоа дека нашите производи се извезуваат во сите земји од Европската унија.“ – изјави управителот на ГО-РА ТЕКС, Марко Гоџо.

Тој додава дека задоволните клиенти се мотив за напредување и на вработените во производство  и за раковдството и менаџерскиот тим.

ГО-РА ТЕКС има 35 вработени и досега има произведено неверојатни шест милиони единици.

Strugaonline

Facebook Коментари