Фестивалот „Дримон“ објави повик за избор на театарски претстави

- Локални
896
Фестивалот за процесирање култура „ДРИМОН“ и за 6тото издание ќе одбере две театарски претстави како дел од овогодишната програма.
Во потрага сме по една претстава за деца и една за возрасна публика. Располагаме со голема „естрадна сала“ од 600 седишта и меѓусценски простор кој исто така може да се прилагоди за изведба на камерна театарска претстава со капацитет на гледалиште од 120 седишта.
Сакаме да соработуваме со независни театарски продукции, но секако се добредојдени и продукции на националните театри. И од едните и од другите очекуваме да ни понудат уметничка врвност, оригиналност и обработки на актуелни теми од кои е засегнат светот, специфично и нашиот граѓанин.
Иако незадолжително, ќе се смета за предност доколку членовите на трупата изразат и добра волја да одржат и работилница за посетителите на фестивалот (деца и млади). Традиционално театарската претстава за возрасна публика, се одигрува на затворањето на фестивалот, на 29 јули, недела, а детската претстава е предвидена за петок, 27 јули. Ве каниме да го пријавите вашиот интерес со тоа што ќе ни испратите линк до видео со претставата, како и придружно писмо за интерес, со следниве податоци:
-Податоци за театарот; – Лице за контакт, телефон и имејл; -Краток опис (пичинг) за театарската продукција; – Број на актерска екипа и помошен персонал; – Финансиска конструкција разложена на следниве ставки: транспорт на сценографија; превоз на трупа; престој на трупа (оброк и ноќевање ); дневници за трупата; -Останати услови (подршка од страна на организаторот), потребни за реализација на настапот; – Потврда дека сте во можност да гостувате на посочените датуми-стои во повикот од Дирекцијата на фестивалот.
Пријавите можат да се испраќаат на меил адресата  [email protected] со назнака: „Предлог претстава за ДримОН6“, најдоцна до 4-ти јули.
Strugaonline

Facebook Коментари